Парондо: Мора да ја задржиме ладнокрвноста во атмосфера која ќе биде вжештена

РАКОМЕТ

10/28/20261 min read

Парондо знае каква е атмосферата во Скопје па токму затоа ги предупредил своите ракометари да останат ладнокрвни бидејќи овој меч за неговиот тим е од исклучителна важност.

„Сакаме да го направиме последниот чекор во Скопје. На натпреварот против Вардар му пристапуваме со почит, но и со свесноста дека нашата судбина е во наши раце кога станува збор за пласман во главната фаза. Пред сè, мора да ја задржиме ладнокрвноста во атмосфера која ќе биде вжештена“, изјави Парондо.

Натпреварот помеѓу Вардар и Мелсунген е закажан со почеток во 18:45 часот.