Парондо: Задоволство е да се игра во Скопје, знаевме каква е енергијата на Вардар

РАКОМЕТ

10/29/20261 min read

Стратегот на германскиот состав Роберто Гарсија Парондо беше задоволен од освоениот бод.

„На крајот ремито беше резултат кој ни беше потребен. Знаевме каква ќе биде енергијата на Вардар. Многу е важна Лигата на шампионите за овој клуб. Поради тоа сакам да им честитам за нивната игра. Немавме добар перформанс, ама си ја исполнивме целта. Дојдовме без пет важни ракометари. За нас оваа групна фаза беше многу тешка, прво поради противниците Висла, Вардар и Нант, а втората беа многуте повреди и отсустава. Многу е тешко да се игра во Бундеслигата, а потоа да дојдеме во Лигата на шампионите и поради тоа сме горди што стигнавме до целта“, изјави Парондо.

Освен тренерот Парондо, се обрати и ракометарот Леон Стел, кој кажа:

„Ова беше многу тежок натпревар, моравме да победиме или да ремизираме на крајот. Добро е што си ја исполнивме нашата цел. Честитки до Вардар што ни приредија навистина тежок натпревар“, изјави Стел.