Постојат ли тензии во француската репрезентација?

ФУДБАЛ

11/11/20261 min read

Килијан Мбапе не се појавил на денешниот тренинг на француската репрезентација во Клерфонтен, поради што неговиот настап на утрешниот натпревар од Лигата на нациите против Италија е доведен под знак прашалник.

Информацијата ја објави францускиот весник „Л’Екип“, но засега не е позната причината за неговото отсуство. Француската фудбалска федерација сè уште нема излезено со официјално соопштение, а селекцијата на Зинедин Зидан попладнево треба да отпатува во Северна Италија.

Отсуството на Мбапе од тренингот доаѓа во период кога сè почесто се пишува за неговата позиција и односите во репрезентацијата. Според информациите на „Л’Екип“, атмосферата околу 27-годишниот напаѓач е тензична, а тој во националниот тим се чувствувал прилично изолирано.

И понатаму медиумите шпекулираат за несогласувања со Осман Дембеле. Францускиот весник тврди дека Мбапе му испратил порака на соиграчот преку „Ватсап“ со намера да ги смири тензиите, но не добил одговор. Дел од фудбалерите и членовите на стручниот штаб, пак, неговиот ненадеен интерес за односите со соиграчите го толкуваат како обид за остварување лична корист.

Зидан имаше план Мбапе да го користи како централен напаѓач, наместо на неговата вообичаена позиција на левата крилна страна. Првиот обид во септември траеше помалку од еден час, откако капитенот се повреди на коленото на натпреварот против Турција и предвреме го напушти репрезентативниот собир. Тоа воедно беше и првиот собир на Зидан на селекторската функција.

За тензиите во француската репрезентација пишува и „Футмеркато“, кој посочува дека односите меѓу Мбапе и Зидан воопшто не се идеални.