Потресна исповед од синот на Михаел Шумахер: Тато, би дал сè за повторно да можам да разговарам со тебе!
ОСТАНАТО
10/29/20261 min read


Документарец ја открива болката..
Семејството ретко зборуваше за здравствената состојба на Михаел Шумахер. Изјавите од неговата сопруга Корина или од неговите деца можат да се избројат на прстите од едната рака. Токму затоа, истапот на неговиот син Мик – и неговото признание колку многу му недостасува татко му – е особено значајно.
Во документарен филм на „Нетфликс“, Мик Шумахер зборуваше за тоа колку му недостасуваат разговорите со татко му, особено откако и самиот стана професионален возач на тркачки автомобили.
„Мислам дека денес јас и тато би се разбирале поинаку – едноставно затоа што зборуваме на ист јазик: јазикот на моторспортот. Би имале толку многу теми за разговор. Тоа е она за што најмногу размислувам. Би се откажал од сè, само за да го имам тоа“, изјави Мик Шумахер.
Тој беше само момче кога татко му се повреди.
Младиот Шумахер имаше 14 години кога татко му доживеа тешка несреќа додека скијаше во Франција. Во документарниот филм, тој исто така зборуваше за тоа колку многу му недостасува татко му.
„Од несреќата па наваму, ги нема веќе оние моменти што многу други луѓе ги споделуваат со своите родители. Мислам дека тоа е малку неправедно.“
И покрај сè, Мик се сеќава на своето растење со татко му; тој често споделува убави спомени со мајка си, Корина, и со сестра си, Џина-Марија.
„Кога ќе се навратам на минатото, најмногу се сеќавам како ние четворицата се забавувавме заедно. Се сеќавам како возевме картинг низ селото, јававме пони коњи и поминувавме време заедно. Тоа се спомените што ме прават среќен“, призна Мик Шумахер.
