Повторно немири во ФК Вардар!? Торес не сакал да влезе во игра на пријателски дуел!

ФУДБАЛ

9/29/20261 min read

Проблемите во ФК Вардар не застануваат. Откако по стартот на сезоната беа избркани тренерот Фабијани и Герсон, за кои од Вардар велеа дека ќе бидат големи засилувања, сега проблем се јавил и со скапо платениот играч од Аргентина кој публиката малку и го подзаборави.

Се работи за крилниот фудбалер Торес кој еден месец беше надвор од терените поради забрана за настап на пет натпревари поради суспензија. Сега, откако му истече и таа суспензија, повторно проблем со овој играч. Торес на саботиот контролен натпревар со младинците на тимот, не сакал да влезе во игра, што автоматски му прави уште еден голем проблем, а новиот тренер такви работи не трпи ама баш ич, но и прашање е кој би трпел недисциплина??

Па така, проблемите во Вардар не застануваат. Останува да видиме каков ќе биде епилогот и од оваа случка.