Поздрав до Седлоски од Дарко Додев

ФУДБАЛ

10/25/20261 min read

Македонскиот фудбалер Дарко Додев се запиша во листата на стрелците за Алтај во ремито 2-2 против Елимај, во натпревар од 29. коло во казахстанската Премиер-лига.

Со овој гол, Додев уште еднаш го поздрави селекторот на Македонија и го потсети дека треба сериозно да смета на него.

За Додев ова е трет гол во дресот на Алтај, а притоа има и 4 асистенции.