Познат е терминот за првото „вечно“ дерби - ќе биде жешко во сала!
РАКОМЕТ
10/27/20261 min read


Првото ракометно „вечно“ дерби оваа сезона во Суперлигата на Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер го доби официјалниот термин!
Дербито ќе се одигра во недела (1 ноември) во терминот од 17:45 часот, а Вардар како што рековме ќе биде домаќин на првото дерби.
Инаку, Вардар ги пушти во слободна продажба и билетите за овој дуел, кој ќе чинат од 300 до 500 денари.
