Познато е местото на одигрување на мега дербито Шкендија - Вардар
ФУДБАЛ
10/22/20261 min read


Натпреварот меѓу Шкендија и Вардар во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра во сабота, 24 октомври 2026 година, со почеток во 14:00 часот во Гостивар.
Поради реконструкција на теренот во Тетово, овој натпревар ќе биде одигран да речеме на неутрален терен, односно на теренот на ФК Арсими, тимот кој на овој стадион ги игра дуелите оваа сезона.
Ова ќе биде мега дерби, дерби на двата претенденти за титулата оваа сезона. На минатогодишната пресметка кога Шкендија беше домаќин, Вардар победи со 0:1 со гол од пенал на Бабунски. Останува да видиме како ќе одиграт овие два лути ривали овој пат и кој ќе се радува на крајот на победа.
