Преку фантази дознале дека нема да игра најдобриот играч на Челзи

ФУДБАЛ

10/26/20261 min read

Имено, членови на семејствата на неколку ѕвезди на Челзи го отстраниле Жоао Педро од своите тимови во фантази-лигата на Премиер лигата. Информацијата брзо стигнала до стручниот штаб на Тотенхем, по што Де Ѕерби веднаш реагирал и ја променил тактиката за натпреварот.

По средбата, менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, бил директно прашан дали е загрижен што информацијата за повредата на Педро станала јавна на ваков необичен начин.

„Не се занимавам премногу со фантази-фудбал, па не знаев за тоа“, кратко одговорил Чаби Алонсо.

Сепак, „Сан“ тврди дека тренерот на Челзи бил бесен поради протекувањето на информацијата на толку неочекуван начин. Случајот отвори прашања за тоа како доверливи информации за здравствената состојба на фудбалерите можат да стигнат до противничките екипи преку популарните виртуелни фудбалски игри.