Проблем за Шкендија: Без Ислами на дербито против Вардар

ФУДБАЛ

10/16/20261 min read

Екипата на Шкендија која се наоѓа во резултатска криза, сега добива поголеми проблеми, овој пат во играчкиот ростер. Еден од најдобрите играчи на овој тим, моторот на средината на теренот, Дрилон Илсами ќе мора да паузира неколку недели, а можеби и повеќе од тоа.

Тој се здоби со скршеница на десната клучна коска на натпреварот против Шкендија од Арачиново и во овој момент се уште не е утврдено дали ќе биде потребна хируршка интервенција. Доколку дојде до хируршки зафат, постои и стравување дека полусезоната за него е завршена.

Шкендија одново се соочува со проблеми на средината на теренот. Само за потсетување, минатата сезона го загубија Рамадани кој се здоби со повреда при репрезентативен собир и кој се уште е надвор од натпреварувачки ритам.