ПРОБЛЕМИ И ЗА ПРОТИВНИЦИТЕ: Словенците без Бењамин Шешко против Македонија!

ФУДБАЛ

9/22/20261 min read

Бењамин Шешко повторно се соочува со проблеми со повредата на потколеницата, поради што нема да биде дел од репрезентацијата на Словенија во претстојниот циклус од Лигата на нации.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед ќе ги пропушти натпреварите против Шкотска, Македонија и Швајцарија, откако повредата што го мачи уште од крајот на минатата сезона повторно се активираше.

Од англискиот клуб потврдија дека 23-годишниот голгетер ќе биде подложен на дополнителни медицински прегледи. По добиените резултати, ќе биде изработен индивидуален план за неговата рехабилитација.