Реакција на ФФМ: Не секоја прес-конференција заслужува одговор

ФУДБАЛ

10/10/20261 min read

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се огласи и испрати порака, одговор по денешната политичка прес-конференција.

Од куќата на фудбалот истакнаа дека тие нема да бидат арена за собирање на ситни партиски поени.

-Ако целта на денешната политичка прес-конференција беше јавноста подобро да го запознае говорникот, тоа можеше да се направи и без ФФМ да биде повод за лична или партиска промоција.

-Фудбалската федерација на Македонија не е политичко тело и ФФМ нема да биде дел од политичкото милје, ниту ќе дозволи фудбалот да биде вовлечен во партиски пресметки.

-Немаме намера да влегуваме во полемика со која било политичка партија и го почитуваме правото на секого да го искаже својот став.

-Во моментов, ФФМ има многу поважни приоритети и нема да ја спушти комуникацијата на ниво на чаршиски муабети.
Не секоја прес-конференција заслужува одговор, -истакнаа од ФФМ.