РФМ ќе се жали до ЕХФ за провокацијата на Грците
РАКОМЕТ
11/9/20261 min read


Откако ракометна Грција ни одржа час по модерен и брз ракомет, сега РФМ ќе се жали до ЕХФ за провокациите од страна на противникот.
Куќата на ракометот ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ), како и до Ракометната федерација на Грција за употребата на несоодветна кратенка за нашата држава (НМКД наместо МКД) за време на телевизиското емитување на натпреварот.
Од РФМ децидно истакнуваат дека ваквите пропусти се апсолутно неприфатливи, додавајќи дека очекуваат соодветна реакција од надлежните институции за овој инцидент. Воедно, македонската федерација експлицитно бара преземање на конкретни мерки со цел ефикасно спречување на слични провокации и несакани ситуации во иднина.
