Сабате: Честитки за моите ракометари, имате неверојатни навивачи!

РАКОМЕТ

10/9/20261 min read

По мечот на прес – конференцијата, тренерот на гостите Хавиер Сабате не пропушти да ја пофали атмосферата во салата “Јане Сандански“ и секако домашните фанови.

„Честитки за моите ракометари на победата, со оглед на тоа дека ти треба да бидеш перфектен за да победиш во Скопје. Мора да кажам дека имате неверојатни навивачи а атмосферата овде секогаш е на ниво. Моите играчи покажаа карактер и тие се најзаслужни за оваа победа“ потенцираше Сабате.