,,Сакам пак да бидам анонимен, славата ми го уништи мирот"
ФУДБАЛ
9/28/20261 min read


Возиња имаше незаборавно Светско првенство каде ги освои симпатиите, но освен симпатиите си заработи и добар договор и нов клуб. Сепак, голманот не е среќен со денешниот живот за како што вели, сака мир а не слава.
„Веќе немам никаков личен простор, или барем е многу помал од претходно. Сега излегувам, одам во ресторан и секогаш има некој што сака да се фотографира со мене или ме моли за автограм. Или уште полошо, некој ме слика без прашање. Го загубив мојот мир и тишина. Многу луѓе сакаат да бидат славни и да имаат јавен профил, но тие ја гледаат само позитивната страна на оваа реалност. Искрено, ако ми го понудат животот што го имам денес, или оној што го имав претходно, би го избрал тој што го имав претходно“, се исповеда Возиња.
Возиња oд летово е голман на Коло-Коло.
