Седло, време е за добра тактика, голови и победа - дали имаш план?
ФУДБАЛ
9/29/20261 min read


Вечерва со почеток од 20:45 часот, Македонија гостува во Словенија каде оди на поправен испит и каде ќе треба да го поправа впечатокот од бледото издание и високиот пораз во Скопје од Швајцарија.
Во ред, Швајцарија беше силен противник, но ајде да ја видиме вечерва Македонија под палката на Седлоски. Словенија е противник по мерка, па време е за добра партија и голови, во спротивно алармот ќе биде вклучен уште повеќе, а Седлоски ќе биде на ,,тапет" пред спортската јавност.
Време е за добра тактика и промени. Според нашите информации, Седлоски ќе менува многу играчи. Во игра влегуваат од првата минута Елези, Аломеровиќ, Атанасов, Мелиќи, Омерагиќ, а можно е од првата минута да стартува и Стојчевски. Во првиот тим остануваат Димитриевски, Гаштаров, но и Барди и Елмас - од кого се очекува многу повеќе на оваа средба.
Можен состав за вечерва: Димитриевски, Муслиу, Стојчевски, Мелиќи, Аломеровиќ, Гаштаров, Елези, Барди, Елмас, Атанасов, Омерагиќ.
