,,Седлоски 007" - што се случува со фудбалската репрезентација?
ФУДБАЛ
10/4/20261 min read


Што се случува со Македонија под водство на Гоце Седлоски?
Во ред е да загубиш од Швајцарија, Словенија и Шкотска, но да не одиграш ама баш ништо на сите три средби и да ги броиш на прсти шутевите во рамката на голот на противничките голмани е рамно на катастрофа.
Ајде во ред е да загубиш, ама Македонија делува инфериорно на теренот. Делува како селекција која вчера се собрала. Делува како секој да си влече на својата страна. Измешани позиции, пробување со многу фудбалери, вадење од игра во 30 минута, влегување на играчи од ПМФЛ, менување на напаѓачите, едноставно ништо не и оди на Македонија под водство на Седлоски..
Па што ли треба да се случи да направиме една добра акција и да постигнеме гол? Навистина ова веќе изгледа како тешко мачење на теренот, а допрва не чека уште едно мачење, овој пат на гости во Швајцарија...
