Седлоски бара трпение, вели дека веќе не играме против Лихтенштајн и Андора

ФУДБАЛ

9/30/20261 min read

И покрај сите лоши статистички податоци, селекторот на Македонија, Гоце Седлоски вели дека е потребно уште трпение и дека наскоро нашиот национален тим ќе постигне гол, но и ќе се израдува на победа.

Не играме веќе против Лихтенштајн, Андора. Сега играме против Словенија, Швајцарија, Шкотска. Се надевам дека ќе проработи нападот. Треба трпение, ќе дојдат и головите, оптимист е селекторот Седлоски.

Можеби со овие изјави Седлоски само купува време од силните напади кои ги добива во последно време од спортската јавност во земјава, а како да не ги добива кога играме многу лошо, а згора на тоа и не постигнуваме погодоци. Еве, шанса за Седлоски нова, ќе добие веќе во сабота, па да видиме дали и на оваа средба Македонија ќе игра фудбал и ќе постигне гол, или пак повторно ќе слушаме правдања од Седлоски.. останува да видиме...