Седлоски е импресиониран од Гаштаров - вечерва започнува од првата минута!!
ФУДБАЛ
9/26/20261 min read


После неколку години, со чест и задоволство можеме да кажеме односно да пишуваме за некое ново фудбалско младо име во репрезентација на Македонија кое навистина има пред себе светол пат да направи одлична фудбалска кариера.
Некогашниот младински играч на Вардар, Матеј Гаштаров кој пред извезен период беше хит тема во фудбалска Србија благодарение на Риера кој му даде шанса, сега Македонија има момче кое знае да игра фудбал, момче кое знае да игра со топка на средината на теренот и најважното - Македонија добива новитет на средината на теренот, свежа крв.
Селекторот на Македонија, Седлоски веќе бил импресиониран од неговите квалитети низ тренинзите, па сигурно е дека ќе започне од првата минута на теренот и ќе го има своето деби за Македонија. Гаштаров се наоѓа во одлична форма, која посакуваме да продолжи и вечерва.
