Седлоски: Фокусирани сме на себе, не нè интересира нивниот состав!
ФУДБАЛ
9/25/20261 min read


Гоце Седлоски имаше прес-конфренција пред утрешниот дуел на кој што изјави:
„Максимално сум задоволен од тоа како ги одработивме овие четири тренинзи. Сите фудбалери знаат што треба да прават на теренот. Нас воопшто не нè интересира со кој состав ќе допатува Швајцарија. Знаеме дека располагаат со силен ростер и дека лесно ги надополнуваат отсуствата, но најважно е ние да гледаме само на себе. Заедно со поддршката од публиката, која очекувам да биде нашиот играч плус, верувам дека можеме да стигнеме до позитивен резултат“, изјави Седлоски.
Утрешниот дуел започнува со почеток од 20:45 часот. Да навиваме за победа на нашата репрезентација Македонија.
Бобан Николов отпадна од комбинација поради повреда заработена на еден од тренинзите, додека Дарко Чурлинов не пристигна во Скопје поради административни проблеми
