Седлоски ги собира фудбалерите - може ли Македонија конечно да постигне гол и да победи!?

ФУДБАЛ

9/21/20261 min read

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска се собира и означува старт на подготовките за овој квалификациски циклус кој ќе трае малку подолго од вообичаеното.

Гоце Седлоски за неколку часа означува старт, старт кој треба и за кој се надеваме дека ќе донесе позитивни ветришта во А селекцијата, бидејќи не е тајна дека Македонија влезе во една криза пред се гол криза. Во сабота во Скопје гостува Швајцарија, па останува да видиме како Седлоски ќе ги подготвки фудбалерите за овој тежок натпревар, а потоа и за останатите кои ни следат.

Дуелот на Македонија и Швајцарија ќе се одигра во сабота од 20;45 часот. Билетите се достапни во слободна продажба.