Седлоски го објави списокот на фудбалери за претстојниот циклус натпревари во Лигата на нации!

ФУДБАЛ

9/16/20261 min read

Селекторот на Македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, го објави списокот за претстојниот циклус натпревари во Лигата на нации. На него се најдоа вкупно 28 фудбалери, меѓу нив четворица дебитанти, Анес Мељичи од Шкендија, Ѓорѓе Џеков од Силекс, Матеј Гаштаров од Црвена Звезда и Христијан Малески од Струга Трим Љум.

Македонска фудбалска репрезентација во овој циклус ќе одигра 4 натпревари и тоа на 26. септември против Швајцарија во Скопје, по што следуваат гостувањето кај Словенија на 29. септември во Љубљана, домашниот натпревар против Шкотска на 3. октомври и вториот дуел со Швајцарија, на гостински терен во Луцерн на 6. октомври.

Голмани: Столе Димитриевски (Валенсија, Шпанија), Дамјан Шишковски (Борац Бања Лука, БиХ), Давор Талески (Вардар);

Одбрана: Ѓоко Зајков (Ајман, ОАЕ), Анес Мељичи (Шкендија), Висар Муслиу (Сент Труден, Белгија), Ѓорѓе Џеков (Силекс), Марио Младеновски (Вараждин, Хрватска), Бојан Илиевски (Тирана, Албанија), Андреј Стојчевски (Словачко, Совачка), Себастијан Херера (Борац Бања Лука, БиХ), Езѓан Алиоски (Лугано, Швајцарија), Дин Аломеровиќ (УТА Арад, Романија);

Среден ред: Јани Атанасов (Актобе, Казахстан), Агон Елези (Сараево, БиХ), Бобан Николов (Вардар), Лука Станковски (Колос Коваливка, Украина), Тихомир Костадинов (Словачко, Словачка), Елиф Елмас (Аталанта, Италија), Енис Барди (Коњаспор, Турција), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија), Љупче Дориев (Согдијана, Узбекистан), Дарко Чурлинов (Погон Шчечин, Полска), Димитар Митровски (Олимпија Љубљана, Словенија);

Напад: Елмин Растодер (Панатинаикос, Грција), Бојан Миовски (Ренџерс, Шкотска), Азер Омерагиќ (Вардар), Христијан Малески (Струга Трим Љум);

Поширокиот список ќе му овозможи на селекторот поголеми ротации поради тоа што овој прозорец има исклучително густ распоред и тоа 4 натпревари за 11 дена.

Македонија во новото издание на Лигата на нации настапува во групата Б1, заедно со Швајцарија, Словенија и Шкотска.

Билетите за првиот натпревар против селекцијата на Швајцарија, може да ги најдете на следниот линк: https://eticket.ffm.mk/mkd-swi/