Седлоски: Јас сум борец, не се откажувам

ФУДБАЛ

10/7/20261 min read

„Одигравме перфектно прво полувреме, сѐ до голот што го примивме. Во второто полувреме имавме индивидуални грешки, но Швајцарија е селекција што не простува. Во првиот дел двете шанси моравме да ги искористиме. За разлика од нас, видовте како домашниот тим знае да ја искористи и најмалата шанса и секој наш пропуст“, изјави Седлоски.

„Покажавме во првото полувреме дека може да играме. Проблем е неиграњето во клубовите, но јас сум задоволен од играчите.“

„Пак ќе повторам, во вакви натпревари кога ќе ти се укаже шанса, мора да се даде гол. На четири меча ги пробав сите шпицови, сите комбинации. Имавме две добри полувремиња, тоа со Словенија и вечерашното, но голот не дојде.“

„Јас сум борец, таков бев и како играч, не се откажувам. Тажни сме сите поради оваа лоша серија, но оптимисти сме за иднината.“

Седлоски сега има време да одмори и да анализира добро, бидејќи доколку не одиграме како што треба на следните два дуели, ни се смешкаат многу негативни рекорди.