Седлоски вели: Азер, Гаштаров и Меличи ме задоволија
ФУДБАЛ
9/30/20261 min read


После мечот предводникот на нашиот национален тим ги пофали играчите за добрата игра и најави дека Македонија допрва ќе постигнува голови. Дали Седлоски беше реален со оваа прес-конференција?
„И честитам на Словенија за победата. Што се однесува до мечот, моите играчи дадоа се од себе. Од процесот на помладување што го почнав, тука не застанувам. И тие првпат што играа денеска ваков натпревар и останатите оставија срце на терен. Поразт како пораз боли. Не постигнавме гол, но на денешниот натпревар создадовме многу шанси. Овој процес по кој тргнав не застанувам, знам дека е тешко и ќе продолжам по тој пат“, изјави Седлоски, а потоа ја искоментира играта на неколку играчи кои веќе имаат стандардно место:
„Азер, Гаштаров, Меличи ме задоволија! Ќе дојдат головите и победите, треба време“.
