Седлоски вели повикал играчи кои играле, а ги заборави Додев и Несторовски!!
ФУДБАЛ
11/3/20261 min read


Уште еден чуден избор на Седлоски. Повикани се играчи во националниот тим кој немаат дадено гол долго време, а изоставени се играчи кои играат одлично во своите лиги па дури и се лидери на своите тимови, сепак и тоа не беше доволно Седлоски да ги повика.
На пример мислиме на Илија Несторовски кој е трет најдобар стрелец во Хрватска и на Дарко Додев кој игра одлично во својот тим и оваа сезона има дадено голови колку нашите напаѓачи кои се викнати. Навистина чуден избор на Седлоски да го изостави од тимот и искусниот Миовски, играчот кој многу и даде на оваа земја и играчот кој сигурно е подобар иако нема голема минутажа од повиканите напаѓачи.
Седлоски влегува од грешка во грешка. И овој циклус на квалификации ќе слушаме приказни од типот головите ќе дојдат и дека треба време..
