Секоја чест!! Хориха: Ја учам македонската химна, подготвен сум да ѝ помогнам на репрезентацијата!!

РАКОМЕТ

11/2/20261 min read

Дмитро Хориха е новиот миленик на македонската публика. Новиот македонски репрезентативец освојува со своите изјави, а рече дека започна да ја учи и химната.

„Ова е мојот прв повик во македонската репрезентација и за мене претставува голема одговорност. Сакам да покажам дека сум подготвен и да му помогнам на тимот. Немаме многу време за подготовки, но на секој натпревар ќе го дадам максимумот. Би сакал да им се заблагодарам на сите македонски навивачи. Вардар е причината поради која ќе настапувам за Македонија, а поддршката од овдешните фанови ја чувствувам и денес. Сакам да играм за оваа репрезентација и секогаш ќе доаѓам кога ќе бидам повикан.

Знам дека ќе има притисок, но верувам дека ќе успеам да се справам со него. Ракометот и атмосферата во Македонија се многу поразлични од она што го имам почувствувано во Украина“, изјави Хориха.