СЕКОЈА ЧЕСТ: Томовски е втор најдобар голман во Бундес!!!
РАКОМЕТ
9/21/20261 min read


Македонскиот репрезентативец Мартин Томовски на стартот од новата сезона во ракометната Бундеслига се наоѓа во одлична форма. Во исклучително драматична и напрегната пресметка пред сопствената публика, неговиот Битигхајм за малку остана краток против Хановер (29:31), но македонскиот чувар на мрежата повторно ја воодушеви германската ракометна јавност.
Томовски беше вистински кошмар за противничките бекови и крила, запишувајќи 12 успешни интервенции со високи 30% успешност, со што убедливо го понесе признанието за најдобар поединец во домашниот табор. Неговите одбрани во клучните моменти од мечот го држеа Битигхајм во битка за бодови до самиот финиш.
Фантастичните изданија на нашиот голман го позиционираат во самиот крем на најсилната ракометна лига во светот. Со вкупно 53 одбрани од почетокот на шампионатот, Томовски во моментов е втор најдобар чувар на мрежата во целата Бундеслига,
