Селекторе, не е време за алиби, туку за напорна работа - личиме на ,,раштиман оркестар"
ФУДБАЛ
9/27/20261 min read


Пред четири години на овој ист стадион Македонија беше поразена од Грузија со идентични 0:3, но на тој натпревар Македонија покажа желба да тргне напред и упати над десет удар во противничкиот гол, за разлика од вчерашната главоболка од натпревар на нашиот најголем стадион.
Дека Македонија под водство на Гоце Седлоски се уште ,,лута" e факт, но и дека Македонија делува како ,,раштиман оркестар" под водство на Седлоски е уште голем факт. Во ред, репрезентацијата на Швајцарија е одличен тим, но да не упатиш ниту еден единствен шут (во рамка) кон противничкиот голман е рамно на катастрофа. Па не паметиме кога последен пат сме имале 0, една голема 0 кога се во прашање упатените удари во рамката на противничкиот голман. Можеби никогаш...
Селекторе, веќе е видена оваа прес-конференција каде што нагласуваш дека си разочаран од некои играчи и дека во иднина истите нема да играат. Ова е веќе видено, прочитано, дајте нешто ново!! Дека во Скопје не гостувала по квалитетна репрезентација од Швајцарија е едно големо алиби и ништо повеќе!
Време е сериозно да се засукаат ракавите, да започне да се гледа во сопствениот двор и да се игра фудбал, бидејќи алармот во репрезентацијата на Македонија е вклучен токму од вчера. Шанса да го смирите ,,пожарот" и да започнете да играте фудбал имате веќе во вторник, или во спротивно ќе започне да ви се ниша фудбалското столче, многу рано...
