Шевченко слави роденден, желба му е мир во Украина
ФУДБАЛ
9/29/20261 min read


Денеска претседателот на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ), легендарниот фудбалер Андриј Шевченко, го прославува својот 50-ти роденден.
Поранешниот играч на Динамо Киев, Милан и Челзи, е најдобар стрелец во историјата на украинскиот национален тим и некогашен освојувач на Златната топка, беше и селектор на репрезентацијата на Украина и тренер во Џенова, а сега е претседател на УАФ.
Шева кажа и што си посакува за својот роденден.
„Мир. Сакам луѓето од мојата земја што е можно поскоро да можат да живеат во мир. Во фудбалот, мојата цел е да направам сè што е можно за идните генерации. Исто така, сакам да продолжам добро да ја играм мојата улога во моето семејство и секогаш да бидам добар татко“, рече Шевченко.
