Шкотланѓаните се вистински фудбалски фанатици, го ,,освежија" Скопје, а посебно внимание привлекуваат со својата традиционална облека
ФУДБАЛ
10/3/20261 min read


Вечерва Скопје ќе биде центарот на уште еден фудбалски настан, овој пат во нашиот главен град пристигна репрезентација на Шкотска, каде вечер ќе ги одмери фудбалски сили со нашата Македонија.
Пред денешниот дуел, односно веќе од вчера или завчера, во Скопје се пристигнати популарните „Тартан арми“, верните навивачи од Шкотска кои одат да ја бодрат својата репрезентација низ сите држави во Европа и тоа во поприлично голем број. Па така вечерва во Скопје одново ќе бидат во центарот на вниманието, односно веќе се низ главниот град во голем број, над 4500.
Овие Шкотски навивачи посебно се интересни бидејќи се облекуваат во традиционален дрес код кои го негуваат со генерации. Дека се вистински фудбалски фанатици и дека си го сакаат фудбалот, навистина треба да им се признае и да им се даде секоја почит.
Останува да видиме како ќе се покаже нашата армија вечерва и каква ќе биде посетеноста од страна на нашите навивачи.
