ШКОТСКА ИНВАЗИЈА ВО СКОПЈЕ: Се очекуваат над 3000 „Тартан арми“

ФУДБАЛ

10/2/20261 min read

По третпат во историјата Шкотска гостува во Македонија а со тоа и нивната навивачка група „Тартан арми“ пристигнува во нашиот главен град во огромен број.

Ако се земе во предвид дека интересот за овој дуел кај македонската спортска јавност е мал, тогаш доаѓаме до тоа дека утре гостите од островот може да бидат и многу по гласни од македонската публика.

Јасно е дека Шкотска има голема поддршка каде и да гостува, па така ќе биде и во Скопје. Веќе се пристигнати голем број на навивачи од оваа земја кој ги полнат кафулињата и уживаат во македонската храна и пиво.