ШОК ВО БУГАРИЈА: Убиен е сопственик на бугарски прволигаш
ФУДБАЛ
9/30/20261 min read


Познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов (53), сосопственик на најголемата транспортна компанија во Бугарија „ПИМК“ и газда на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, е убиен во текот на изминатата ноќ во вооружен инцидент во Пловдив.
Убиството, кое според првичните информации на истражните органи е извршено со огнено оружје директно во областа на главата, ја крена на нозе бугарската полиција. Криминалистите кои работат на терен брифираат дека начинот на извршување на ликвидацијата укажува на тоа дека станува збор за професионално подготвено и извршено убиство. Од полицијата соопштуваат дека во моментов се работи на сите можни верзии и мотиви, земајќи го предвид профилот на Филипов како еден од најмоќните луѓе во бизнис секторот во Бугарија.
Убиството се случило само неколку часа откако на стадионот „Христо Ботев“ во Пловдив играше бугарската репрезентација против Естонија во Лигата на нации.
