Симултанка на Кузмановски, но недоволна за победа
РАКОМЕТ
10/7/20261 min read


Македонскиот ракометен вицешампион Пелистер стигна до првиот бод во Европската лига, откако ремизира (31-31) против Вибжеже Гдањск во второто коло од елитното натпреварување на ЕХФ.
Маестрална партија имаше капитенот на Македонија и на Пелистер, Филип Кузмановски. Бекот на Пелистер одигра дуел за незаборав и постигна 15 погодоци, сепак тие не беа доволни за победа на Пелистер кој одново одигра лошо во финишот и на крајот мораше да се спасува и од пораз.
Сигурно Кузмановски ќе биде и МВП на ова коло со своите 15 голови.
