Скандал: Кошаркар на Жалгирис уапсен за возење мортус пијан!!

КОШАРКА

10/5/20261 min read

Инцидентот се случил во четвртокот, околу половина час по полноќ, кога одличниот шутер бил запрен зад воланот на автомобил од марката „Фолксваген Тигуан“. Дека ѕвездата на „зелените“ го прекршила законот, официјално потврди и шефот на одделот за комуникации при Полициската управа во Каунас, Рамунас Матонис, откривајќи го точното количество на алкохол во крвта на кошаркарот.

Немилиот настан се случил непосредно по натпреварот од домашното првенство, во кој екипата предводена од тренерот Томас Масиулис убедливо го совлада Лиеткабелис (97-68). На таа средба, Едвардс помина нешто повеќе од 16 минути на теренот, забележувајќи учинок од 11 поени и шест асистенции. Момчето родено во Хјустон досега одигра и три натпревари во Евролигата, со просек од 16 поени, еден скок и две асистенции, но останува неизвесно како овој скандал ќе влијае врз неговиот понатамошен статус во тимот.

Раководството на литванскиот гигант веднаш реагираше со официјално соопштение, најавувајќи темелна анализа на случајот пред донесувањето на конечната одлука за евентуалните санкции.

„Свесни сме за достапните информации и во моментов ги истражуваме околностите на ситуацијата како внатре во клубот, така и со сите релевантни страни. Откако ќе ја завршиме проценката на ситуацијата, ќе ја известиме јавноста за донесените одлуки или понатамошни чекори. До тогаш нема да даваме дополнителни коментари за ова прашање“, се наведува во соопштението на Жалгирис.