Стојчевски демантира Направиле лажен профил за да дезинформираат
ФУДБАЛ
10/12/20261 min read


Македонскиот интернационален фудбалски судија, Игор Стојчевски сепак не се повлекува од фудбалот. Како што вели самиот судија, статусот за повлекувањето не бил напишан од него, туку од лажен профил.
Статусот за повлекување не е напишан од мене, тоа е измислен профил, некој сака да ми наштети со тоа што е објавено. Нит сум го информирал претседателот за такво нешто ниту надлежните комисии. Не знам зошто се прави тоа, ама верувам дека тие што посакуваат да се повлечам се некои небитни ликови во македонскиот фудбал и општеството, вели Стојчевски.
Во изминатиот период името на Стојчевски се споменуваше во негативен контекст, посебно беше во фокусот по пријателскиот натпревар на репрезентациите до 21 година меѓу Македонија и Русија поради досудените пенали.
