ТФТ се пофали со ново засилување!

КОШАРКА

10/20/20261 min read

Искусен центар од Канада е ново засилување за предизвиците кои следат за ТФТ во регионалното натпреварување, а после направената регистрација, Отас Ијекекполор ќе може да дебитира уште вечерва.

– Отас Ијекекполор под обрачите на ТФТ! Искусен центар го засили нашиот ростер во пресрет на дуелот против Слобода Тузла во рамките од првото коло во АБА2-лигата.

– 30-годишниот Отас доаѓа од Канада, откако минатата сезона ја мина во редовите на босанскиот прволигаш Промо Доњи Вакуф, каде во 24 натпревари одржа просек од речиси 5 поени и 4 скока по натпревар.

– Ијекекполор ќе има можност да дебитира вечерва против Слобода, односно ќе биде достапен за нас исклучиво во јадранската Втора лига, – порачаа од ТФТ.