ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Поранешниот потпретседател на Партизан пронајден починат во својот стан
ФУДБАЛ
10/14/20261 min read


Телото на поранешниот функционер на белградскиот клуб и професор на Правниот факултет било пронајдено во сауна во неговиот стан. Околностите и причината за смртта засега не се официјално утврдени.
Тажни вести пристигнуваат од Белград, каде што е пронајдено телото на Владимир Вулетиќ, поранешен потпретседател на фудбалскиот клуб Партизан и професор на Правниот факултет при Универзитетот во Белград.
Според информациите што ги објавија српските медиуми, телото на Вулетиќ било пронајдено во сауна во неговиот стан. Смртта ја констатирала екипа на Итната медицинска помош, а надлежните институции треба да ги утврдат околностите на трагичниот настан.
Загриженоста се појавила откако Вулетиќ неколку дена не одговарал на телефонските повици. Четворица млади мажи дошле до неговиот стан, по што било пронајдено телото. Според досегашните извештаи, вратата од сауната била затворена.
Засега нема официјална потврда за причината за смртта, а повеќе детали се очекуваат по завршувањето на истрагата.
Фото: Старспорт
