Валах блесна - Полјакот ја спушти ролетната за голема победа на Вардар

РАКОМЕТ

10/22/20261 min read

Велат добар голман, или расположен голман како сакате е половина тим на една екипа. Тоа вчера на дело го покажа чуварот на мрежата на Вардар, Милош Валах кој блескаше.

Полјакот буквално ја спушти ролетната од својот гол и со 17 одбрани го водеше својот тим до победа, прва во Лигата на шампионите за оваа сезона.

Покрај него, одличен дуел одиграа и другите ракометари, а посебно се истакна Љевар со седум погодоци. За Вардар останува уште еден дуел до крајот на групната фаза.