Валах: Пред нас е многу важна недела!
РАКОМЕТ
10/27/20261 min read


Утре со почеток од 18:45 часот Вардар го игра последниот натпревар од Лигата на шампионите, македонскиот тим е без шанси за место во следната фаза, но сите сакаат со победа да се простат од натпреварувањето.
„Ова е нашиот последен натпревар во Лигата на шампионите. Знаеме дека повеќе немаме можност за пласман во следната фаза, додека МТ Мелсунген сè уште се бори за продолжување на натпреварувањето“, вели Валах.
,,Сепак, знаеме дека ќе играме во ЕХФ Европската лига и сакаме во тоа натпреварување да влеземе со две победи од Лигата на шампионите зад нас, а не само со една. Добро се подготвуваме за натпреварот и пред нас е многу важна недела. За нас би било многу значајно настапот во Лигата на шампионите да го завршиме со втора победа" , рече Валах.
