Вардар договорил нов голман, работи на уште две засилувања

РАКОМЕТ

10/6/20261 min read

Македонскиот шампион Вардар ќе биде уште посилен од новата година. Како што обелодени тренерот на Вардарци, Иван Чупиќ, управата на Вардар успеала да договори нов голман, а во потрага биле по уште две квалитетни засилувања.

Ова значи дека Вардар во новата година, односно на полусезона ќе добие уште поголем и по квалитетен ростер. Чупиќ не кажа точно за кој голман се работи, а според најавите се работи за млад и перспективен голман.

Амбициите на шампионот на Македонија растат, што е добро за спортот и ракометот во државава кој секоја година е се по квалитетен.