Вардар го ,,мерка" Алјоша Дамјановиќ!

РАКОМЕТ

11/10/20261 min read

Шампионот на Македонија, тимот на Вардар будно ја следи ситуацијата во РК Партизан. По заминувањето на Гонзалез и Кос, следни се уште неколку играчи во Партизан кои играа добро оваа сезона.

Според информациите на Mozzart Sport, Вардар е сериозен во својата намера во својте редови да го донесе средниот бек од Србија, Алјоша Дамјановиќ. Дамјановиќ бил понуден и на екипата на Загреб, но и на Вардар.

Дамјановиќ, кој игра на позициите лев и среден бек, оваа сезона не добиваше голема доверба од Раул Гонзалес, кој воедно е и селектор на српската репрезентација.

Трансферот сè уште не е договорен, но постојат добри изгледи тој да стане засилување за тимот на Иван Чупиќ. Вардар бара квалитетни решенија за предизвиците во домашното првенство, но и во Европската лига на ЕХФ, откако ја заврши приказната во Лигата на шампионите.

Останува да видиме дали има сериозни намери на Вардар да го донесе овој играч.