Вардар и Комити подготвуваат спектакл: Кореографија низ целата сала!

РАКОМЕТ

10/30/20261 min read

Вардар ги замоли навивачите во недела да пристигнат на своите места во салата најдоцна 15 минути пред почетокот на натпреварот, за реализација на големата кореографија.

„Заедно со нашата верна н.г. „Комити Запад” одлучивме македонското ракометно дерби во недела да го збогатиме со кореографија низ целата сала, која во знак на поддршка на тимот на терен, заеднички ќе ја создадат сите навивачи на Вардар во салата!

За таа цел ги замолуваме сите илјадници наши навивачи кои во недела ќе го бодрат Вардар од трибините, да бидат на своите места најдоцна 15 минути пред почеток на натпреварот. Покрај тоа, најљубезно ве замолуваме поставените работи на вашите столчиња, кои се дел од кореографијата да не ги преместувате или кревате предвреме, без да добиете знак од лицата задолжени за координација.

Да уживаме во ракометната игра во недела и во пеколниот амбиент кој заеднички ќе го создадеме, за нова важна победа на Вардар“, соопшти Вардар.