Вардар има мака: Најскапиот играч три месеци е без фудбал - зошто?

ФУДБАЛ

10/16/20261 min read

ФК Вардар на добрата форма на Горан Закариќ фати ритам и врза две победи, но играта на ФК Вардар во овој момент е далеку од идеална.

Ростерот на Вардар е широк, но во него го нема веќе три месеци најскапото засилување, односно крилниот играч кој има најголема плата во Вардар во овој момент, а тоа е Хоакин Едуардо Торес.

Торес влезе во проблем уште на дуелот со Шкендија во Скопје кога Вардар доживеа дебакл, а Хоакин доби пет натпревари суспензија, сепак, тие пет дуели пауза поминаа, но еве Аргентинецот се уште не е ниту на клупата за резерви кај новиот тренер ,,Гроф".

Што ли се случува со Хоакин и Вардар засега не е познато, но едно е јасно - шампинот на Македонија само губи со неприсуството на најскапиот играч. За оние месечни примања кои ги има крилниот играч, шампионот може да најде сериозно засилување за во иднина.