Вардар не го кажал последниот збор во ЛШ - вечерва очекуваме блесок на ,,црвено-црните"
РАКОМЕТ
10/8/20261 min read


Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Висла Плоцк во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони (ЛШ).
Вечерва е денот Д за Вардар бидејќи мора победа во спротивно шансите за следна фаза им се намалуваа на минимум. Вечерва Вардар треба да одигра во полн ритам и да покаже зошто е шампион на Македонија. Носен од фантастичната публика во Скопје, Вардар треба да докаже дека поразот од Монпелје беше чиста несреќа и дека Вардар се враќа на победничките патеки.
Во Скопје тешко кој носи бодови дома, па така нека биде и вечерва. Посакуваме една добра партија на Вардар кој сега е појјак за двајца ракометари и тим кој сигурно ќе има што да каже кога се во нападот Лазаревски и Педро.
Вечерашниот дуел нека биде уживање за ракометната публика и во една фер и коректна атмосфера Вардар да слави победа.
