Вардар не успеа да победи уште едно дерби - навивачите бараат смена на Неделковски

ФУДБАЛ

11/2/20261 min read

Eкипата на Струга и по вторпат сезонава го победи актуелниот шампион Вардар откако на терените на ФФМ во Лисиче денеска славеа триумф од 1-0.

Стружани во едно типично македонско дерби без премногу шанси со многу борба излегоа како победници, а херој беше искусниот Марјан Радески. Вардар со овој пораз влезе во резултатска криза од три натпревари без победа. Црвено - црните оваа сезона играат навистина лошо, а навивачите на клубот веќе на големо бараат смена на Миленко Неделковски кој навистина оваа сезона ,,утна" многу работи во Вардар, од подготовки, до настап во Европа па се до засилувањата, кои оваа сезона се многу тенки, а зимаат високи плати во Вардар.

Дека во ФК Вардар не цветаат рози е очигледно, но и дека публиката му го сврте грбот на Миленко говори и денешната посета од едвај 50-тина луѓе на стадион. Вардар треба да спојува, а не да разединува, можеби време е за радикални промени во Вардар, бидејќи не оди сезонава, а не е до тренерот.