Вардар сериозно ослабен во Франција - еден од клучните играчи отпадна
РАКОМЕТ
10/21/20261 min read


Вардар вечерва гостува на Нант во петтото коло од Лигата на Шампионите, дуел за кој своето деби во црвено-црниот дрес во елитното натпреварување ќе го има Урош Митровиќ, но отпадна еден од главните играчи, Абделхак поради здравствени проблеми.
„Желбата остана тука, не замина. Секогаш се подготвував за овие натпревари во Лигата на шампионите и ја чекав својата шанса. Конечно, по месец и половина, ми истече казната од четири натпревари и сега можам да играм и да ѝ помогнам на екипата.Не знам дали тоа што немаме притисок може да биде олеснување, но секако ќе играме до крај и ќе го дадеме максимумот. Иако немаме шанси да ја поминеме групата и ќе продолжиме во Европската лига, каде што игравме и минатата сезона, нема причина да не играме со 100 проценти и да бараме победа“, изјави Митровиќ.
Чупиќ сепак се соочува со нови проблеми откако поради повреда од комбинација отпаднаа Абделхак и Кеита.
„Го имаме Урош, но го немаме Мо. Тој има проблем и не патуваше со нас, па повторно остануваме со само еден десен бек. Урош сигурно ја заслужува оваа шанса. Со начинот на кој тренира и работи, како и со сè што направи минатата сезона, заслужува да игра повеќе и повеќе да ни помага. Сега, кога сме без Мо, ќе добие вистинска шанса.
Ќе бидеме и без Кејта, кој има вироза и не можеш да патува со нас. Малку сме тенки во ростерот, но се враќа Урош, а Педро може да покрие две позиции. Се враќа и Марио, така што сме покриени на левото крило.
Урош со својата работа минатата сезона многу ни помогна да избориме настап во Лигата на шампионите. Ќе добива поголема шанса и верувам дека ќе продолжи по патот од минатата сезона. Мо во овој момент се профилираше како прва опција, но секој натпревар е можност за докажување. Не само од Урош, туку од сите очекувам борбен и машки натпревар од наша страна. Верувам дека среда ќе биде наш ден“, изјави Чупиќ.
