Вардар веќе мисли и на идната сезона: Марко Митев пред портите на ,,црвено-црните"

РАКОМЕТ

11/4/20261 min read

РК Вардар ја игра добро оваа сезона која е во полн тек, но веќе мисли и на новите потези кои ќе ги направи, односно ги прави за формирање на ростерот за новата сезона. Веќе во модерниот ракомет новите засилувања за новата сезона се кројат некаде околу ноември-декември, по токму затоа и Вардар го прави истото.

Веќе на големо се зборува дека Марко Митев конечно ќе го облече дресот на Вардар и во новата сезона ќе биде новиот разигрувач во ,,црвено - црните". Младиот среден бек во Вардар би пристигнал од Алкалоид каде неколку сезони е лидер и главен играч на тимот, но изгледа дојде време за уште поголем чекор во неговата кариера.

Според нашите информации Митев во следната сезона би бил организатор на играта заедно со Фадуил кој остава добар впечаток во Вардар оваа сезона. Инаку, доколку дојде до трансфер на Митев во Вардар, се отвара и прашањето што со Јака Малус, играчот кој има и други понуди за идната сезона.

Останува да видиме како ќе се одвиваат овие работи и на какви чекори ќе се одлучи Вардар за иднината.