(Видео) Битолчани останаа без сон - виновници се Комитите!
РАКОМЕТ
11/1/20261 min read


Најверните навивачи на Вардар, популарните Комити, им приредија несекојдневно будење на сите од експедицијата на Пелистер - тие среде ноќ, пред хотелот во кој се сместени битолчани, направија огромна бучава со пиротехнички средства и со вистински огномет.
Така, се погрижија ракометарите и стручниот штаб на Пелистер да имаат прилично немирна ноќ пред дуелот со големиот ривал.
