(Видео) ЧОКО И ГОООЛ: Минаа 33 години од првиот историски натпревар на Македонија!!

ФУДБАЛ

10/13/20261 min read

На денешен ден пред 33 години македонската фудбалска репрезентација го одигра својот прв натпревар. Тој 13 октомври 1993 година и тој меч во Крањ ќе останат во вечно сеќавање. И поради победата од 1:4, ама најмногу зошто на тој ден Македонија за првпат се гордееше со своја фудбалска репрезентација.

Тогаш ја имавме веројатно најсилната селекција во нашата историја предводена од капитенот Дарко Панчев, фудбалерот на векот на Македонија, селектор беше Андон Дончевски. Стрелци на головите беа Зоран Чоко Бошковски во 3.минута, Дарко Панчев 37., Чеде Јаневски од пенал во 48. и Драган Канатларовски 51.минута. Голот за Словенија го постигна Јанез Пате во 40.минута.

Македонија на тој историски натпревар настапи во следниот состав:

Зоран Мицевски, Кире Грозданов, Чедомир Јаневски, Зоран Јовановски, Илија Најдоски, Љупчо Марковски, Бобан Бабунски, Драган Канатларовски, Тони Мицевски, Зоран Бошковски и Дарко Панчев. Играа и Ванчо Мицевски, Горан Георгиевски, Сашо Милошевски, Неџмедин Мемеди.

Тој гол на Чоко во 3.минута по асистенција на Панчев за водство на Македонија од 0:1.

Видео:

https://www.youtube.com/watch?v=eRo3396WpS0&source_ve_path=MjM4NTE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fzurnal.mk%2F