(Видео) ГОЛЕМ СКАНДАЛ: Камара го удри со тупаница нашиот Чурлинов - следува жестока казна

ФУДБАЛ

10/26/20261 min read

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов беше физички нападнат од противнички фудбалер за време на скандалозниот финиш на натпреварот во полското првенство помеѓу неговиот клуб Погон Шчечин и Радомјак Радом, кој заврши со победа на Погон од 4:3.

Судијата му покажа црвен картон на играчот на Радомјак, Ибрахима Камара, овој тргна накај соблекувалната но се врати и со тупаница го удри нашиот играч. После овој нецивилизиран потег, секако дека го очекува жестока казна од страна на Федерацијата на Полска.

Видео:

https://x.com/Newsy_Sportu/status/2114075009324900416